Како што тврди „ le10sport.com“ , Јувентус официјално ги започнал преговрите со Мино Рајола за враќање на Пол Погба во Торино. Од поодамна се шпекулираше дека Јувентус е во сериозни преговри за Французинот, сега има и официјална потврда.

Погба токму од Јувентус во 2016 година се пресели во Јунајтед за 105 милиони евра, сега сака назад, тоа го сака и клубот од Торино. Јувентус ги продава Пјаниќ и Рабиот, создава буџет за Погба, цената е падната со оглед на кризата во светот предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Погба за Јувентус има запишано 178 натпревари, постигна 38 голови и 40 асистенции, и самиот изјави дека сака да се врати на местото на успехот.