Управата на Јувентус реши со две официјални соопштенија да ја објасни позицијата во која се наоѓа клубот откако беше отворена официјална истрага под сомневање на финансиска измама и непрописно реализирање на трансфери, меѓи кои се оние на Роландо, Артур и Пјаниќ.

Според првото соопштение, од Јувентус потврдуваат дека можни се финансиски санкции кои ако се утврдат, клубот „нема да може да продолжи со зацртаната бизнис цел“, додека според второто сценарио можно е голем број од акционерите да се повлечат и тоа „Старата Дама“ да ја чини 225 милиони евра.

Дополнителен проблем за Јувентус е тргувањето со акции на берзата, односно на брз колапс и финансиска криза која ќе значи повеќе години стабилизација.

Крајната и најстрашна казна е исклучување на Јувентус од сите европски купови на УЕФА како и намалување на позицијата на официјалната рејтинг листа.

Италијанските медиуми предвидуваат финансиска казна по неколку милиони евра, забрана во најмалку три преодни рока, како и можно одземање на најмалку една титула во Серија А.