Според Ла Газета Дело Спорт, Јувентус побарал од своите играчи да прифатат одложување на исплаќање на платите. Наводно се работи за период од четири месеци, од март до јуни.

Истиот медиум тврди дека уште во април се пишувало дека тоа е опција, но тогаш никој од Јувентус не ја потврдил приказната. Минатата година играчите на сега веќе поранешниот шампион на Италија прифатија слично барање, поради кризната предизвикана од пандемија од коронавирусот. Проценката е дека на тој начин Старата Дама лани заштедила околу 90 милиони евра.

Тренерот Андреа Пирло пред неколку дена ги демантираше гласините за вакви барања и кажа дека платите се редовни. Во наредните денови би требало да се знае дали играчите ќе се согласат на договор со клубот.