Откако го договорија трансферот на Кулушевски, челниците на Јувентус продолжуваат со засилување на тим за новата сезона.

„Ла Стампа“ пренесува дека Јувентус и Верона се договориле околу трансферот на дефанзивецот Мараш Кумбула за 32 милиони евра. Албанскиот репрезентативец се согласил на пет годишен договор.

За Кумбула интерес имаше и од Интер, Наполи, Лацио, Челси и Арсенал. Кумбула во Торино ќе пристигне како директна замена за Демирал кој се поврзува со трансфер во Премиер лигата.