Џејдон Санчо (19) е еден од најголемите таленти во Европа во моментов, Англичанецот игра за Борусија Дортмунд и е желба на многу великани на клупскиот фудбал.

„Милионерите“ засега одолеваат на понудите за Санчо кој на 19 години се докажа и покажа како извонредно квалитетен играч, за него Јувентус подгтовува неверојатна понуда.

Санчо во Дортмунд дојде во 2017 година за 8 милиони евра, сега на фудбалската берза вреди најмалку 15 пати повеќе.

Јувентус е подготвен следниот летен преоден рок да понуди меѓу 130 и 150 милиони евра за младиот напаѓач, со тоа ќе го собори сопствениот рекорд.

„старата дама“ за Роналдо плати 117 милиони евра и доколку се остварат најавите, Санчо ќе биде најскапиот играч во историјата на Јувентус.