Пауло Дибала сезонава игра во животна форма во дресот на Јувентус, а игрите на Аргентинецот го натера раководството на „Старата дама“ да му понуди нов договор.

Аргентинецот сезонава постигна голем број на одлучувачки голови, а тој беше стрелец и на одлучувачкиот погодок против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, кој беше на насловните страници низ целиот свет. Раководството на Јувентус подготвува поголема плата и се очекува да му понуди договор до 2024 година. 26-годишниот фудбалер во моментот заработува седум милиони по сезона.

Кариерата на Дибала ја започна во Институто, од каде во 2012 се пресели во редовите на Палермо, а потоа доби доверба и заврши во редовите на италјанскиот гигант.