Пријателскиот натпревар меѓу Јувентус и домаќинот од Сеул заврши нерешено со 3:3 и понуди интересна игра,но не и Кристијано Роналдо.

Според пишувањата на некои медиуми, фудбалерот морал да одигра барем едно полувреме, клаузула која ја имало во склучениот договор, а која не била испочитувана.

Наводно, Роналдо имал полесна повреда на мускул, па организаторите одлучиле да се откажат од тужба, но не и навивачите

Адвокатот Ким Мин-ки се огласил како правен застапник на разочараните навивачи.

„Во вакви случаи обично би барале поврат на парите од картите, но тука имаме случај на лажен маркетинг. Добивме засега две официјални пријави, но имаме многу повици и кога ова ќе се прочуе може бројката да стигне и до 60.000.“ – изјавил адвокатот.

Во тужбата Ким бара 52.40 евра за карта, 0,76 за комисија и обештетување за претрпен стрес од 760 евра.

Доколку жалба поднесат сите навивачи на стадионот во Сеул, износот кој Јувентус ќе треба да го плати за отсуството на Роналдо би можел да достигне до 50 милиони евра.