Јувентус доби добри вести пред пресметката со Динамо Киев во Лигата на шампиони, откако двајца повредени фудбалери се враќаат во строј.
Како што објавија италијанските медиуми, Џорџо Кјелини и Мерих Демирал се целосно заздравени од повредите и ќе бидат во комбинација за пресметката со украинскиот противник.
Двајцата дефанзивци веќе тренираат со тимот и многу веројатно ќе бидат во тимот на „старата дама“ од самиот почеток на мечот в среда во Торино.
Comments are closed for this post.