Паоло Дибала се сели во Англија, наместо во Јунајтед ќе оди во Тотенхем откако Јувентус ја прифатил понудата од 70 милиони евра.

Ова го пишува „ Sky Italy“ кој тврди дека за клубот од Торино оваа понуда е прифатлива. Дибала сега треба да ги договори личните услови со тимот од Лондон.

Според истиот извор, овие пари, Јувентус ќе ги искористи за доведување на Ромелу Лукаку од Јунајтед.