Како што пишува „GazzettadelloSport“, Јувентус пријавил дел од своите навивачи во полиција која во специјална акција наречена „Last banner“ .

Јувентус поради закани од насилство пријавил дел од водачите на неколку групи навивачи, полицијата уапсила вкупно 12 во акцијата, меѓу нив е легендарниот водал Дино Мацола кој во раните 90. години заврши во затвор поради убиство на полицаец при грабеж.

Покрај него уапсени се уште двајца лидери на групи, Салваторе Кава и Бепе Франко, кои уживаат голем авторитет кај навивачите на Јувентус.

Јувентус во среда му гостува на Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.