Јувентус денеска продолжува со тренинзите, но без Кристијано Роналдо кој се наоѓа во Мадеира со својата мајка.

Португалецот по мечот со Интер се упати кон својата ронда земја каде е во посета на неговата мајка која пред 10.дена доживеа мозочен удар.

Тој се очекуваше да пристигне утре, но се чини дека неговите планови се менуваат.

Кристијано Роналдо не тренираше и останува во Мадеира чекајќи развој на настаните поврзани со здравствената криза што е во тек“, се вели во соопштението на веб-страницата на Јувентус.

Повеќето клубови во Серија А прекинаа да тренинираат најмалку седум дена, но Јувентус продолжува со тренинзи во пресрет на мечот со Лион од Лигата на шампиони.