По пристигнувањето на новиот тренер Маурисио Сари во редовите на Јувентус нема да има место во редовите на италијанскиот шампион за Сами Кедира и Блас Матуиди, објавија италијанските медиуми.

Според информациите Сари им порачал на двајцата фудбалери дека не влегуваат во неговите планови и дека ќе треба да си побараат нови клубови.

Кедира спремен да го раскине договорот со Јувентус и да се пресели во МЛС лигата, додеја Матуиди кој има договор до 2020 година веќе добил понуди од тимови од Катар и Кина.