Екипата на Јувентус се израдува на синоќешната полуфинална елиминација на „кралевите“ од Лигата на шампионите бидејќи сака во своите редови да го донесе стратегот на Реал Зинедин Зидан.

Во Јувентус не се задоволни од работата на Андреа Пирло и постојано кружат информации за негови наследници а во Зидан гледаат тренер кој би го вратил стариот сјај на „старата дама“ и повторно би се вратиле на победничките патеки.

Од друга страна Зидан по елиминацијата од Лигата на шампионите и заостанувањето зад Атлетико и Барселона во шпанската Ла лига лесно може да се најде на излезни врати , што тимот од Торино би го прифатил со раширени раце.

Италијанските медиуми тврдат дека спортскиот директор на Јуве, Павел Недвед, е во постојана комуникација со поранешниот соиграч и дека чека само мал знак од него да почне официјални преговори за негов трансфер во Торино.