Тренерот на Манчесер Сити, Пеп Гвардиола е прв и единствен избор на управата на Јувентус во моментов откако јасно стана дека Сари нема уште долго да седи на клупата на „Старата Дама“.

Според медиумите од Италија, Гвардиола веќе се согласил да премине во Јувентус но засега непознато е колкава ќе биде оштетата што ќе траба да му биде исплатен на првакот на Англија.

Јувентус е подготвен да му ги исполните сите желби и бараа на Гвардиола за да го донесе во своите редови. Шпанецот неодамна изјави дека е среќен во Манчестер Сити но со оглед на формата на неговиот тим оваа сезона лесно може да се промени ова.

Гвардиола и предходно се поврзуваше со ангажман во Торино а вчера медиумите на Апенините пренесуваа дека можно е упрвата на Јувентус да се обиде да го врати и Алегри доколку Пеп остане во Манчестер.