Бразилскиот репрезентативец, Даглас Коста најверојатно ја игра последната сезона во Европа, откако од Јувентус му дале дозвола на неговиот агент да преговара со Гремио.

Даглас Коста има договор со Јувентус до јуни 2022 година, но поради висоната на платата од Јувентус се подготвени да го раскинат договорот со него без компензација а тој да премине во Гремио без трансфер оштета.

Оваа информација ја потврдија медиумите од Италија кои тврдат дека првичните преговори за започнати а денеска во Торино ќе пристигне и заменик претседателот на Гремио, Маркос херман.

Коста беше трансфер цел на повеќе тимови од Премиер лигата во минатиот летен преоден рок, но тогаш од Јувентус за неговиоте услуги бараа 45 милиони евра.