Јувентус повеќе нема интерес за Мауро Икарди и се насочува кон Муса Дембеле од  Олимпик Лион.

Икарди повеќе никој не го сака, шампионот на Италија започнал преговори со Дембеле кој минатата сезона на 33 меча постигна 15 голови.

Дембеле во новата сезона во Лига 1, постигна три гола на два натпревари, го привлече вниманието на Јувентус кој е во потрага по уште еден напаѓач.

Се чини дека Интер ќе мора да се договори со Икарди и покрај тоа што  новиот тренер Антонио Конте се откажа од Аргентинецот.