Јувентус нема намера да ги продолжи преговорите со Манчестер Јунајтед за Пол Погба, трансфер политиката клубот од Торино ја менува, е ќе се фокусира на помлади играчи, изјави Федерико Черубин, спортски директор.

Според најавите од Торино, Јувентус го менува „курсот“ на трансфер берзата, приоритет ќе бидат млади играчки кои имаат што да кажат во европскиот фудбал.

Една од желбите на Јувентус е Ерлинг Халанд, или играч сличен на Норвежанецот.

„На фудбалската берза ќе бараме играчи како Халанд, кои имаат што да кажат, и кои ќе бидат долго во клубот, секако Норвеженецот е наша желба, но тој е многу скап, ние имаме стратегија и ќе се фокусираме на таков профил на играчи“ – изјави спортскиот директор на Јувентус.