Играчот од средниот ред на Баерн, Корентен Толисо, веројатно ќе ја продолжи кариерата во Јувентус.

Според информацијата на Calciomercato, „Старата дама“ ќе се обиде да го купи во летниот преоден рок.

Ова е веројатно остварлив трансфер, бидејќи постојат индиции дека Баерн сака да го продаде Толисо, за да го намали платниот фонд, но и да го зголеми фондот за летните трансфери.

Интересно, во 2017 година Толисо можеше да дојде во Торино, но го избра Баерн.

Во тековната сезона тој настапи на 19 средби на сите натпреварувања и има ефект од 3 гола и 3 асистенции.

Порталот Transfermarkt.com го цени на 40 милиони евра.