Јувентус наводно е во преговори со претставници на напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, кој треба да биде замена за Гонзало Игуаин.

Игуаин во Торино се пресели минатото лето и беше важен дел од мозаикот на Маурисио Сари, но во последниот период Аргентинецот не беше во прв план кај Италјанецот и се наоѓа пред трансфер во матичниот клуб Ривер Плата.

Јуве бара напаѓач, но освен  Игуаин кој може да ги напушти тие немаат класична деветка, а нивната прва жечба Мауро Икарди веројатно ќе потпише перманентен договор со ПСЖ каде настапува на позајмица. „Старата дама“, според Calciomercato, Полјакот ќе го чини околу 40.милиони евра.