Управата на Јувентус започнала нова рунда преговори со агентот на Фредерико Киеза, Фали Рамадами со желба да успеат да го купат напаѓачот на Фиорентина.

„Кориере Дело Спорт“ открива дека репрезентативецот на Италија прифатил петгодишен договор од Јувентус но проблем е што Фиорентина досега ги одби сите понуди од Јувентус.

Најновата изнесува 50 милиони евра додека Фиорентина бара 70 милиони евра, многу работи ќе зависат од пристапот на Киеза и барањата на неговиот агент за овој трансфер да биде реализиран.

Киеза има договор со Фиорентина до јуни 2022 година, за него интерес има и од клубови од Премиер лигата но и од Германија.