Управата на Јувентус е подготвена да го понуди Бернардески за да го добие Жоржињо од Челси, пренесуваат медиумите од Италија.

Според последната информација од „Газета Дело Спорт“, Маурицио Сари одлучи дека Жоржињо е играч кој може многу да ја подобри играта на „Старата Дама“ додека Бернардески нема потенција за првиот тим.

Поради ова Јувентус е подготвен да ја реализира трампата, но секако за ова ќе мора да сочека на одговор од Лампард и Челси.

За Фернардески сериозен интерес има од Фиорентина, но засега ова е во втор план, се до моментот кога Челси ќе се изјасни по однос на понудата за трампа со Жоржињо.