Италјанските медиуми јавуваат дека Јувентус и Маурисио Сари ќе направат се за да го доведат Жоржињо од Челси. Италјанецот треба да биде замена за Пјаниќ за кого интерес покажува Барселона, а „Старата дама“ е подготвена да се ослободи од Босанецот.
Сари и Жоржињо соработуваа уште во Наполи и Челси, а Италјанецот никогаш не криел дека за Жоржињо има високо мислење. Според „Мундо Депортиво“ Пјаниќ е отворен за преговори и трансфер во Барселона, но тоа ќе зависи токму од ситуацијата околу Жоржињо.
Челси за Жоржињо бара 40.милиони евра за кого на Наполи за негов ангажман му инкесираа огромни 57.милиони евра.
Comments are closed for this post.