Фудбалскиот клуб Јувентус се надева дека наскоро ќе го ангажира играчот за врска Мануел Локатели.

Во Торино веруваат дека на Сасуоло му испратиле „соодветна понуда“, изјави директорот на клубот, Павел Недвед.

“Сакаме играч, и тој не сака нас. Сигурни сме дека нашата понуда е добра и фер”, рече Недвед пред саботната победа на Јувентус над Монца, клуб од Серија Б.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри го сака Локатели во својот среден ред, а поранешниот фудбалер на Милан сака да се пресели во Торино, дури и ако понудата е помала од 40 милиони евра, колку што Сасуоло ја проценува неговата вредност.

“Дадовме понуда за која веруваме дека е во согласност со моменталната клима. Чекаме одговор, сакаме да го донесеме Локатели во Јувентус”, рече Недвед.

Локатели влезе во центарот на вниманието како замена за повредениот Марко Верати за време на овогодинешното Европско првенство, кое Италија го освои.