Јувентус е расположен за уште една атрактивна замена со Рома, по смената на бековите. Од клубот се расположени да го заменат Гонзало Игуаин со играчот за врска на Рома, Никола Заниола.

„Старата дама“ со месеци го истражува теренот и бара начин да го осигура трансферот на Заниола, но Рома не попушта во цената од 60 милиони евра, што Јувентус ја смета за превисока.

Оттука е и идејата на Јувентус, Игуаин да го пратат на позајмица која би чинела 12 милиони евра плус неговата плата од 7,5 милиони по сезона.

Иако Аргентинецот е прилично скап за Рома, сепак се шпекулира дека некој договор би можело да се постигне.