Манчестер јунајтед е подготвен да ја прифати понудата на Јувентус за Пол Погба, односно во голема трампа треба на „Олд Трафорд“ да пристигнат Арон Ремзи, Адриен Рабиот и Даглас Коста.

Според новинарот на „Раи Спорт“, Паоло Паганини, преговорите продолжуваат и оваа размена е резулатат од пандемијата на Коронавирус поради кој  сите клубови се во финансиски проблеми, па се фокусираат повеќе на размена отколку на големи трансфери.

Доколку Јуве го врати Погба во Торино, ќе бидат потребни неколку фудбалери да влезат во договорот, па макар и неговата цена од 110 милиони евра не се намали.

Тука спаѓаат Ремзи и Рабиот, кои  пристигнаа како слободни агенти минатото лето, но не ги исполнија очекувањата на управата на „Старата дама“.