Еден од најбараните млади фудбалери на светот, Каи Хавертз од Баер, наводно ја одби можноста ова лето да се пресели во Ливерпул.

Како што пишува германски Скај, Хавертз смета дека уште му е рано да ја напушти Германија и затоа би сакал да заигра за Баерн Минхен.

Оценките на стручњаците се јасни, иако има само 20 години тој е подготвен за големи предизвици. Иако е млад, тој веќе игра сезони игра во Бундеслигата и има зад себе повеќе од 100 натпревари на кои постигна 30 гола.

Иако Хавертз одамна го поврзуваат со Баерн Минхен, засега меѓу двата клуба нема преговори, а од Минхен не стигна никаква понуда.

Предноста на Ливерпул пред Баерн се сметаше дека лежи во Јирген Клоп и во можноста на англискиот клуб полесно да ги плати потребните 100 милиони евра.