Поранешниот играч на Милан, Бразилецот Кака во пресрет на 225 дерби за Милано, изјави дека Златан Ибрахимовиќ може да биде клучен играч на утрешното дерби.

Кака смета дека Швеѓанецот ги мотивира сите играчи на Милан, тоа е добро пред утрешното дерби со Интер.

„Убаво е да се види колку Ибра е мотивиран и на 38 години. Тој е голем мотиватор и за екипата која сега излгеда многу подобро. Дерби мечевите со Интер секогаш биле неизвесни, така ќе биде и утре, очекувам дека Милан ќе победи“ – изјави Кака.

Бразилецот се пензионира во 2017 година, тогаш имаше 35 години, беше поврзуван со Милан како можен спортски директор, ова тој ќе рече:

„Сеуште не е време за такво нешто, сакам да работам со Бобан и Младини, но засега приоритет ми е одморот во Бразил“ –заврши Кака.

Интер и Милан утре играат од 20-45 за триумф на големото дерби на Милано.