Поранешниот репрезентативец на Франција, играч на Монако, Парма, Јувентус и Барселона, Лилиан Турам, смета дека има само еден добар напаѓач на светот во моментот.

За Турам, Ромелу Лукаку е најдобриот играч во момент на планетата, Французинот кој беше меѓу најдобрите дефанзивци во своето време, а настапи и против Победа од Прилеп во Скопје на УЕФА натпревар, кратко одговори.

„Има само еден добар напаѓач, не се сомнавам во тоа, Лукаку е најдобриот на светот“ – рече Турам.

Федерико Киеза, Моисе Кин, Николо Барела и Николо Занило, за Турам се меѓу најдобрите играчи кои следниот период ќе го одбележат со своите настапи.