Поранешниот тренер на Партизан и еден од најдобрите стратези во регионов и во цела Европа, Душко Вујошевиќ изрази големо задоволство што Никола Јокиќ е МВП на регуларниот дел од НБА лигата, но се потсети дека на времето не го забележал односно не го земал во Партизан, иако му бил нуден.

Тој во кариерата акцент секогаш ставаше на работата со младите кошаркари и нивниот развој, но кога е Јокиќ во прашање овој потенцијал не го забележал.

„Можам сега измислувам и плетка, но ќе бидам искрен. Едноставно не го видов, не го забележав. Знам дека луѓето кој ја вршеа работата скаути во Партизан ми кажаа дека е дебел и дека не се исплати да го доведеме. Сега ми е многу криво. Тој превид само говори во слабоста во структурите во Партизан. Додека нас Јокиќ ни беше дебел, Мишко Ражнатовиќ го препозна и го одведе во Мега. Ужасно ми е жал поради тоа“– заклучува Вујошевиќ.