Ако Арсенал и имал некакви амбиции во Лига Европа, тие се закопани вечерва, по поразот од Олимпијакос со резултат 1:2. Арсенал изгуби натпревар кој никако не смеел да го загуби, особено по гостинската победа во Атина.

Олимпијакос првпат го шокираше Арсенал во 53. минута кога гол постигна дефанзивецот на Олимпијакос Папе Сисе.

По регуларните 90 минути резултатот беше1:1, ист како оној во Атина, па средбата отиде во продолжетоци.

Надеж за Артета и компанија пружи голот на Обамејанг во 113 минута, но таа надеж дефинитивно потона со голот на Ел Араби буквално во последната минута.

Олимпијакос оди понатаму, поради гол повеќе на гостински терен.