Клубовите во Серија А ја отфрлија идејата за плеј-оф или плеј-аут сценариото за крај на тековната сезона.

Лигата преку видео имаше собир вечерва,  со цел да се реши прашањето како сезоната ќе заврши откако ќе помине најлошото од Коронавирусот.

Според новинарот на „La Gazzetta dello Sport“, Николо Шира, клубовите го отфрлија предлогот преку плеј-оф да се одлучи  тековната сезона.Идејата за плеј-оф и плеј-аут беше „изум“ на сегашниот претседател на FIGC, Габриеле Гравина.

Засега е одлучено, во месец јуни да се играат натрпевари на секој три дена и до крајот на истиот месец да се заврши сезоната. Ова сигурно би значело дека Европското првенство 2020 ќе биде одложено.