Фудбалската федерација на Италија го објави  новиот протокол за тимски тренинзи, во кој стои дека и да има позитивен случај во една екипа нема цел тим да оди во изолација. Првичните барања на владата беа цела екипа треба да биде во карантин две недели, ако на еден од фудбалерите му е дијагностициран КОВИД-19.

Министерот за спорт Винченцо Спадафора, најави дека со новиот протокол само позитивните фудбалери ќе го напуштат тренинг кампот.

„Ако, за време на периодот во кој ќе тренираат екипите, постои случај на позитивен случај на Коронавирус, мора да се изврши непосредна изолација на тоа лице. Ниту еден член од екипата која била во близок контакт со позитивниот нема да може да има надворешни контакти, но истовремено тие ќе продолжат со тренинзите“-изјави Спадафора.