Јувентус со новиот тренер Мурицио Сари има амбиции да ја освои Лигата на шмапионите но и да победи во домашното првенство и Купот.

На трансфер берзата „старата дама“ исклучително активна, сепак ќе мора да се ослободи од неколку играчи, според   „Калчомеркато“  Сари нема да смета на четири играчи, на листата за продажба изненадувачки го нема Игуаин.

Според овој извор, на продажба се ставени Кедира, Матуиди, Перин  и Моисе Кин што е вистинско изненадување. За добрите познавачи на фудбалот во Италија уште поголемо изненадување е што на листата го нема Игуаин кој беше прв на „отсрел“ кај Сари.

Јувентус досега потроши околу 180 милиони евра на трансфер пазарот.