Напаѓачот на шпански Атлетико Мадрид и хрватски репрезентативец Никола Калиниќ до крајот на неделата ќе замине од клубот, пишуваат шпанските медиуми.

Хрватскиот фудбалер не замина на подготовки во САД со неговиот клуб Атлетико Мадрид. Калиниќ дојде во Атлетико од Милан пред само една година за сума од 15 милиони евра.

За Хрватот засега интерес има од Вест Хем, Фенербахче и Галатасарај, а сумата која ќе ја побара шпанскиот клуб изнесува 10 милиони евра.