Каљари веќе не можеше да ја поднесе долгата серија без победа и го отпушти тренерот Роланд Маран.

Клупската управа оваа одлука ја донесе два дена по поразот од Рома, 3:4. Ова беше 11-ти натпревар на Каљари без победа и клубот сега го држи 11. место на табелата во Серија „А“.

Каљари добро ја почна сезоната и во првите 15 кола немаше забележано пораз. Но, од декември навака резултатите на клубот се очајни.

Засега нема информација кој ќе го замени 56-годишниот Маран, чиј отказ е 13-ти за тренерите од Серија „А“ во тековната сезона.