Поранешниот холандски репрезентативец Весли Снајдер е подготвен да ги следи стапките на неговиот поранешен соиграч Арјен Робен и да се врати од пензија. Снајдер има понуда од Утрехт и сè уште ја разгледува.

Снајдер се откажа од фудбалот во август 2019 година, неговиот последен клуб беше катарскиот Ал-Гарафа. Тој претходно играше за Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Галатасарај и Ница.

Тој има 134 натпревари и 30 голови за репрезентацијата на својата земја. Со „лалињата“ стигна до финалето на СП во 2010 и 2014 година, роден е во Утрехт, но никогаш не играше за тимот од родниот град.

Пред една недела, Арјен Робен, кој исто така се повлече во 2019 година, потпиша со Гронинген.