Наместо во авион, на пат кон Египет, фудбалерите на камерунската фудбалска репрезентација останале во Јаунде и се заканиле дека нема да мрднат од таму, додека фудбалската федерација не им ги исполни барањата.

Во соопштението потпишано од сите играчи, федерацијата се обвинува дека фудбалерите ги измамила.

Според играчите, патот од градовите во кои играат за клубовите, па до Камерун, го платиле од свои пари.

За време на двонеделните подготовки не добиле буквално ништо, а исплатите биле нередовни и при четирите последни собири на државниот тим.

Фудбалерите тврдат дека веќе еднаш прифатиле компромис, пред две години, прифатиле намалување на заработките за четвртина, но дека веќе немаат намера да попуштаат.

Федерацијата е обвинета деа поради хаосот во организацијата тројца играчи, Жоел Матип, Стефан Мбиа и Николас Нкулу, одбиле да играат за Камерун.

Камерун првиот меч треба да го игра на 25. јуни во Исмаилија против Гвинеа Бисао.