Полјакот Марсин Камински донесе победа за Шалке со гол во 96 минута од средбата на гости кај Хановер, за тимот од Гелзенкирхен ова е  шеста победа со која се наоѓа на третото место во Бундеслига 2.

Камински погоди во финишот на средбата, доби топка во шеснаесетникот  и погоди. Дарко Чурлинов влезе во игра во 85 минута од средбата.