Македонската машка фудбалска репрезентација за играчи до 17 години на 20 и на 22 октовмри на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе одигра два контролни дуели со секцијата на Србија.

Селекторот, Драган Канатларовски го одреди списокот на играчи за овој пријателски двомеч за кој нема да конкурира Васко Василев од Црвена Звезда.

Голмани: Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П.)

Одбрана: Никола Павлевски (Македонија Ѓ.П.), Бленд Зекири (Работнички), Енис Буки (Велазерими), Марко Ристов (Работнички), Мирче Стоилов (Академија Пандев), Кристијан Поп Антевски (Победа).

Среден ред: Борјан Поповски (Работнички), Матеј Ангелов (Работнички), Игор Јаневски (Вардар), Ибраим Левент (Вардар), Матеј Ѓоргиев (Брегалница).

Напад: Матеј Ѓурчиновски (Работнички), Марко Треневски (Њу Старс), Дашмир Елези (Шкендија), Бесарт Гуџуфи (Вардар), Ерион Шуку (Шкупи). Љорик Јакупи (Шкендија).