Селекторот на Македонската репрезентација до 21 година Драган Канатларовски по поразот од селекцијата на Франција , смета дека сеуште заостануваме зад квалитетот на противникот, и дека победата на гостите е сосема заслужена, што е реална слика за моменталната сила на двете репрезентации.

„Оваа француска репрезентација е една пресилна репрезентација со голем квалитет. Голем дел од фудбалерите се во Лига 1 во Франција и играат по 90 минути. Примивме гол по наша грешка, сметам дека доколку уште малку останеше 0:0 ќе имавме некоја шанса преку контра. Со малку повеќе среќа можеби ќе имавме позитивен резултат. Но, секако дека тоа не е оправдување“, изјави Канатлароски и во продолжение додаде:

Ова е генерација во создавање, а ние против нас имаме една Франција да одиграме 0:0, селекција на играчи кои беа светски прваци. Ние ќе играме максимално до крај, но мора и да се мисли и на иднината на следниот циклус.

Играчите се поголем број генерација 2000 односно 2001 година, но полека селектираме од 2002 година. Имаме уште четири мечеви, ќе играме до крај, јас можам само да честитам на залагањето и на желбата, но реално постојат и некои други нешта“