Селекторот  на фудбалската репрезентација на Македонија  за играчи до 16 години, Драган Канатларовски, го објави списокот од  22 играчи за двата дуела со Обединетите Арапски Емирати.

Натпреварите ќе се играат во Србија, во Стара Пазова каде ќе го тестира капацитетот на оваа генерација на играчи новиот селектор Канатларовски.

Влатко Василев (Ц. Звезда, Србија), Стефан Тасев (Вардар), Никола Павлевски (Вардар), Марко Ристов (Работнички), Игор Јаневски (Вардар), Енис Буки (Шкупи), Бленд Зекири (Работнички), Мирче Стоилов (А. Пандев),  Матеј Ангелов (Работнички), Дашмир Елези (Шкендија), Максим Милошевски (Вардар), Матеј Ѓоргиев (Брегалница), Матео Софијановски (Њу Старс), Марко Треневски (Њу Старс), Марко Софијановски (Њу Старс), Меметриза Хамза (Шкендија), Мите Митев (А. Пандев), Бесарт Гујдуфи (Вардар), Михаил Талевски (Работнички), Георг Стојановски (Вардар), Огнен Здравковски (Вардар), Џезаир Абдули (Шкендија)