Јувентус во само 23.кола сезонава во Серија А доживеа три порази, а последен беше оној против Верона изминатиот викенд. „Старата дама“ сезонава притоа има големи противници за шампиоснката титула во имињата на Интер и Лацио.

Легендата на Јуве и Италија, Фабио Канаваро по тој повод во интервју за „Газета дело Спорт“ изјави дека Јувентус не е онаа доминатна екипа како во претходните неколку сезони.

„Јувентус не е доминантен како што беше минатата сезона и тоа ги прави ранливи. Сепак и во ваква ситуација, Јувентус има врвни фудбалери и многу вложуваше, па и натаму е тим за големи нешта. Треба да ја темпираат формата за месеците март и април кои се клучни во битката за трофеите во Серија А и Лигата на шампиони.тим, многу се тешки за победување“– изјави Канаваро.

Канаваро исто така ја прокоментира офанзивната линија на „Старата Дама“.

„Како гледач од надвор уживам да го гледам Дибала како игра со Роналдо и Игауин. Но, некогаш како натпреварот против Наполи, тие не функционира како што треба. Изгледаше како меѓусебно да си сметаат. Сари мора да ја најде победничката формула и да го искористи максимално Роналдо кој е во страшна форма“- дополни Фабио.