Нголо Канте е последниот играч од Премиер лигата кој се противи за продолжување на сезоната и групни тренинзи додека трае пандемијата од коронавирусот.
Островските медиуми пренесуваат дека репрезентативецот на Франција, вчера одбил да тренира и воопшто не се појавил во тренинг центарот на Челси.
Освојувачот на последното СП бил видно нервозен и исплашен поради ризикот кој постои со самото појавување на тренинг. Менаџерот на Челси, Франк Лампард му соопштил на Канте дека го разбира и ја поддржува секоја негова одлука.
Канте ќе продолжи со индивидуални тренинзи во својот дом додека останатите негови соиграчи ќе работат по помали групи на официјалниот тренинг центар на „Сините“ во Лондон.
Comments are closed for this post.