Нголо Канте се врати во составот на Франк Лампард овој викенд во победата на Челси над Кристал Палас и уште еднаш покажа дека е клучна фигура на „Стенфорд Бриџ“.

Репрезентативецот на Франција подолго време се поврзува со заминување од Лондон а од клубовите кои се заинтересирани за неговите услуги се издвоени Реал Мадрид и ПСЖ.

„Кралевите“ планираа да се обидат во зимскиот преоден рок да тргнат по Канте но тој одлучил дека нема желба за трансфер и дека е задоволен во Челси.

Сега Зидан ќе мора да бара друго решение откако стана проблем планираниот ангажман на Канте од Челси и на Погба од Јунајтед.