Поранешните фудбалски капитени на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантон и Рој Кин, денес беа вклучени во Куќата на славните во Премиер лигата.

Кантона одигра 156 натпревари во Премиер лигата од 1992 до 1997 година и постигна 70 голови за Јунајтед, со четири освоени шампионски титули во пет сезони.

“Јас сум многу среќен и горд, а во исто време не сум изненаден. Беше сон да играм во Англија. Сите сонуваат да играат во Премиер лигата. Имав среќа да играм во тимот на Манчестер Јунајтед со прекрасни играчи, прекрасен тренер и прекрасни навивачи “, рече Кантона.

“Тоа е фудбалот за кој сонував, бидејќи Манчестер Јунајтед е клуб кој сака да освои работи, но на добар начин. Така беше во времето на Мет Басби. Тоа е идентитетот на овој клуб, филозофијата на овој клуб “, додаде тој.

Кин одигра 366 натпревари во Премиер лигата за Јунајтед од 1993 до 2005 година, постигна 39 голови, имаше 33 асистенции и освои седум титули.

Пред нив, Алан Ширер и Тиери Анри беа вклучени во Куќата на славните во Премиер лигата.