Фабио Капело верува дека Николо Барела од Интер е еден од најдобрите фудбалери за врска во моментов во Европа.

Барела оваа сезона на 34 натпревари за Интер во сите конкуренции постигна три голови и десет асистенции.

„Барела е еден од тројцата најдобри плејмејкери во Европа во овој момент. Тоа го тврдам со плна одговорност. Има визија, сила и брзо се движи. Се прави како што треба, дури и додавањата му се точни и навремени. Барела успева да ја освои топката во одбрана а потоа со неговото додавање веднаш да започне акција во напад за Интер.“ – изјави Капело.