Легендарниот фудбалски тренер од Италија, Фабио Капело посочи дека Манчестер Сити заслужил да игра во финалето од Лигата на шампионите оваа сезона.

Во ПСЖ главен виновник за неуспехот според Капело е себичниот Нејмар.

„Фернандињо беше клучниот играч на Манчестер Сити во оваа победа. Од друга страна разочаран сум од Нејмар. Се надевав дека нешто повеќе ќе направи, но тој упорно се обидуваше да ги издрибла сите, не се однесуваше како лидер, не го предводеше тимот кон добар резултат.“ – изјави Капело.

Нејмар по елиминацијата од Сити, повторно се поврзува со заминување од ПСЖ и кам бек во Барселона.