Легендарниот фудбалски тренер, Фабио Капело беше видно изненаден од одлуката на главниот судија на дуелот меѓу Аталанта и Реал Мадрид да му даде директен црвен картон на Фројлер во 17 минута.

Домаќините останаа со играч помалку а меѓу првите кои ја оспори одлуката на судијата Штилер беше Капело.

„Разочаран сум, затоа шти знам дека тој не беше последен играч, жолт картон ќе беше ок, но да му дадеш црвен картон е нешто необјасниво. Го уништи натпреварот со тој потег. “ – изјави Капело.