Трофејниот италијански фудбалски тренер Фабио Капело откри дека поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони бил првиот кој размислувал за основање на европска фудбалска Суперлига, и тоа уште пред 30 години.

„Берлускони за тоа размислуваше уште во 1988 година. Тој не можеше да замисли неговиот клуб да биде елиминар по само еден натпревар. Тогаш говореше дека секогаш да ги гледа најдобрите клубови на Сан Сиро и да гледа поразличен фудбал“- изјави Капело за италијански Скај Спорт. Капело во Милан помина поголем дел од својата тренерска кариера.

Додека Берлускони беше сопственик, Милан пет пати беше европски шампиони. Сега е сопственик на второлигашот Монца, која е четврта во Серија Б и се бори за влез во Серија А.

Неодамна направениот проект европска Суперлига пропадна за помалку од 72 часа, откако ФИФА и УЕФА, како и националните федерации се заканија со остри санкции. Прво Суперлигата ја напуштија шесте клуба од Премиер лигата (Манчестер Сити, Челзи, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем), а потоа и Атлетико Мадрид, Интер и Милан, па зад овој проект сега останаат Јувентус, Реал Мадрид и Барселона.