Скандалот кој  се случи на мечот  помеѓу Фрајбурк и Ајнтрахт Франкфурт од Бундес лигата ја доби својата разврска. Имено, капитенот на гостите Давид Абрахам е суспендиран на седум седмици, откако во финишот на мечот го турна тренерот на Фрајбург, а ова значи дека за него оваа година е завршена.

По овој инцидент следеше вистински хаос на теренот и немили сцени, а очекувано, Абрахам доби црвен картон. Абрахам ќе пропушти шест кола во Бундеслигата и нема да може да игра на мечевите со Волфсбург, Мајнц, Херта, Шалке, Келн и Падерборн. Исто така, капитенот на Ајнтрахт ќе плати и казна од 25.000 евра.

Натпреварот меѓу Фрајбург и Ајнтрахт Франкфурт заврши со победа на домашните од 1-0, а го реши  Петерсен со голот во 77. минута од мечот.